„Лешперски е друг да ти е крив за сè, но полешперски е да молчиш ко -чка кога некој ќе те обљуби ничим изазвано од позади" - Платон
Не тврдам дека тоа ќе се случи пак. Дали сакам? Од дното на душата. Од истото дно од кое ме боли поразот во последната секунда, за нијанса помалку од филозофските просеравања на добар дел од нашите стручњаци за лесно, спортско, фер-плеј прифаќање на ситуацијата кога на семафорот има четири нули, кои одлично го доловуваат чувството кое оној на колена го има во моментот.
Изгубивме. И сите видовме како. Прво им дозволивме на Монтенегроси да нè тепаат ничим изазвано, због заради наши „полу-аматерски" грешки во клучни ситуации какви не правевме пред две години (јебига, се дешава) и второ, судијата кој би уживал статус на свето животно во Индија заборавил да шибне прокулин во неговите очи или поточно поради една гусла во окото не можеше да ја види шумата пред кошот, тресењето на мрежите и тресењето глупости на тема „Свири лична мајсторе, алал да ти е".
И таквото лешперско губење на меч боли и нервира. Ама знаеш што ме нервира повеќе?
Финиот Македонски Интелектуалец и неговата генијалност, сумирана во вонвременската: „Самите сме виновни, самите пропуштивме победа"
Ма јок, царе... Не самите. Кај може самите да утнеме. Независната кошаркарска селекција на Небраска пропушти победа во наше име. Оу Џеј Симпсон е виновен за состојбите во нашата фудбалска одбрана. Поради Сергеј Бубка ракометарите не заминаа за Лондон. Ало. Тврдам, али тврдам (со опклада за 50 ќебапи и 8 пива, кој сака нека ми дојде) дека нема една! единствена селекција во историјата на спортот која, како што драматично воздивнуваа синоќешните генијалци, сама не пропуштила победа.
Нема репрезентација на која некој друг, како на пример делфинот Флипер или Душко Долгоушко или некој филадендрон, ѝ пропуштил победа. Бразил сам пропушти победа во финалето на СП во фудбал 1998 бидејќи дозволи Франција да му шибне три комада, а не даде ниту еден. Италија сама пропушти победа на ракометното светско првенство, прво затоа што не се пласираше на шампионатот, а второ затоа што и да се пласираше ќе го сркнеше од сите бидејќи жабарите не знаат ракомет. Македонија сама пропушта медали и пехари од карлинг шампионатите низ целиот свет бидејќи сеуште не профункционирала карлинг федерацијата на Македонија – нешто од што сум навистина разочаран и директно погоден. Јас, лично, сум самиот виновен што не сум на чело на АТП листата пред Џокович и Мареј, бидејќи со рекет во рака најкорисен сум за правење на шницли и тресење килими.
„Но, Македонија имаше водство од 7 поени на три минути до крај.... кој ни е крив?"
Да, имавме +7. Едно време имавме десеттина во минус. И сега? Или „самите сме криви" и за тие минус десет? Да претпоставам дека ако стигнеме во финале на Олимписки игри и Дрим Тимот на САД не згрбави од куцање преку наши глави и на крај загубиме со 47 разлика (шо нема теорија да се случи, максимум 15+ ќе е за Америте И ТОА ако Станко Чековски не е расположен), И ТОГАШ ќе сме самите криви за поразот, јели да дабоме? Или тогаш нема да сме доволно талентирани? „Знаеш, кај нас бе децава тренираат на снег, во Америка од 3 месеци како бебиња ги земаат и им даваат баскет, одма да куца преку трамполина, нема заебанција, знам, сум читал на интернет".
Секој „е крив" за својот пораз. Имал прилика да победи и не победил.
Ама кога губиш во последна секунда со судиска свињарија, толку усвињета што можеш да ја ставиш на скара па да им ја фрлиш на кучињата во маало, тогаш Слоу даун Хозе. Не мора да ми бидеш правдољубивиот но реален опсератор кој полухрабро ќе воздивне над злокобната судбина на „малите но храбри земји кои вечно страдаат од големите и нивните интереси". Слободно, никој нема ништо да ти направи, кажи си го ти твоето „самите пропуштивме победа" (кхм), но не пропуштај еден елементарен факт: по сите правила на играта, напишани со читлив фонт и преведени на 800 јазици, кога еден доволно долг човек во шорц и рамбовка ќе допре мрежа на кош во одбрана, друг доволно долг човек во шорц и рамбовка али тонирана, дига раце и се радува пошо му се признава кош, скока, му оди со мишките во фаца на поразениот и му прави „ХАХА Лузер", му пушта рака како на бивша кога има нова девојка или го игнорира ко кромид во петок навечер.
Со еден таков кош синоќа ќе победевме. И ќе имавме 2 бода. И имавме таков кош. И единственото нешто што тогаш немаше да го имаме пропуштено ќе беше кењажата на варијанта: „ете, до последна секунда мораше да нè гњават, а имаа шанси 25 разлика да тепаме, срце ќе ми пукне од нив, неодговорни". Ќе ги пропуштевме, најверојатно, сите други приближно глупи муабети.
Затоа имаме втора шанса вечерва. Победата и поразот започнуваат во главата. Но некогаш, кога настаните се одвиваат како на филмска лента, кога хирургот го ставил вештачкото срце во пациентот, кога на маса ти стои лаптопот и 2-3 штрафчиња кои ама баш немаш поим како испаднале вишак... има едни делчиња од секундата во кои работите не се во твои раце. Мигови во кои топката е во вис. Сите се занемени и чекаат хепиенд или голгота. Пред 720 дена Владо Илиевски ја испрати Литванија на полињата на кошаркарската Хирошима и ја лансираше атомската тројка за македонска историја.
Вечерва ги среќаваме повторно Литванците. Или ќе победиме, или ќе изгубиме, ко што би рекол лаконски претседателот на некоја за нас позната земја. Најмалку е важно. Сонцето на слободата и утре повторно ќе тргне на Запад, како и сите ние. Само, нашиот пат оди поспоро бидејќи... самите сме криви. Освен кога не сме.
Кога тоа ќе го дознаеме, ќе бидеме шампиони.
Напред наши!
betmenvelit@gmail.com / @BatmanSaysT