Зошто ми се срдиш либералу...

Шо Македонка ти?

Поминаа неколку тешки, траорни тмурни денови после историската изјава на Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски , формулирана во Закон за забранување употреба на знамето со Сонцето од Кутлеш .Либералите во Македонија уште еднаш покажаа и докажаа дека се...

 

ЧЕКАЈ, КАКВИ ЛИБЕРАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА?

Де бе. Историски битен политички ентитет во нашата полнолетна држава без кој нашето општество ќе беше ураниумски осиромашено (ураниум, у-ра-ни-ум, делење на ум кај што имаш рана – бетмене, генијалецу). Државотворен елемент кој е дел од широкиот спектар на плуралистичкото виножито во нашата мајка татковина. Либерте, наведнете, стиснизабите.

КАКОВ ЗАКОН, РЕЧЕ?

Закон за забрана на употребата на знамето со Сонцето од Кутлеш. Либералните утврдувања на кортексните висорамнини на Ивон сметаат дека на тој начин ќе покажеме гест на добра волја кон Грција и кон преговорите за името, кои тапкаат во место веројатно поради нашата лоша волја и нерешителност кон преземање големи чекори.

АМА, ТОА ЗНАМЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ ГО СМЕНИВМЕ ВО 95-ТА. ТОА НЕЛИ Е ГОЛЕМ ЧЕКОР?

Е добро де, не ситничари сега... Тоа ти е како да ти дораскине девојката. Еднаш ти раскинала, не се слушате, не се гледате, имате секс но не меѓу себе, се буди едно утро во непознат стан, се пробива низ магла со капут и шал и траги од креон под очите над кои се павкаат прамени од присобраната коса, доаѓа дома со навлажнета шофершајбна чувствувајќи се ко дромфуља, па ти звони и ти дораскинува. Мислам дека Ивон сака вака да ги збуниме Грците: „Еј, псс,грк, ела бе. Абе братсон, како да ти кажам... ние пак го сменивме знамето". Нема да знаат што ги снашло, кај е Тасос, кај е Крит. Добрата волја на нивните северни соседи ќе ги матира. И после се ќе тргне на поарно, ќе влеземе во дневната соба на ЕУ, ќе дигнеме нозе со жуљеви на кожна гарнитура и на конобарката ќе и намигнеме заповедајќи: „Амор, дај една виска и ој купи ми бомбончиња да ми ти дајт чичо". Триумф.

АЛО МАЈСТОРЕ, ВРАТИ СЕ: ЗНАМЕТО, ИВОН, ДОБРА ВОЛЈА!

Извини, потресен сум од Законот. И не само јас. Сеизмологија вчера регистрираше тектонско поместување на земјината кора под Македонија - се шпекулира дека нашата земја имала тахикардија и срцеви палпитации после ваквиот наплив на врел либерализам во сувата кора на македонските конзервативни грутки. Уствари, неполни 24 часа после либералното барање за забрана на сонцето, добриот Бог ги услиши молитвите на Ивон и симболично го забрани сонцето над Македонија. Облачно, врнежливо, ко ноември да е. Кој рече дека Либералите се невлијателна политичка партија?

И НА ЛИБЕРАЛИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НЕ ИМ СТИГА УКИНУВАЊЕТО НА ПРАВАТА И СЛОБОДИТЕ НА ЦЕЛ НАРОД, ПА САКААТ УШТЕ?

Мислиш на укинувањето на човековото право на самоопределба? На либреалниот прием во ООН под референца која со смртта на Јованка Броз е последниот потсетник на Југославија во овој век? На промената на државното знаме ли мислиш поради истите каприци на Грција, нашиот неодоброволен сосед? На неприемот во НАТО поради нерешениот спор со името, иако де јуре Грција не смее да блокира наш влез под референца? На либерално неуважената пресуда на судот во Хаг дека Грција, а не Македонија ја крши времената спогодба?

ДА, КАКОВ Е ТОЈ ЛИБЕРАЛИЗАМ?

Слободарски. Ако не ти чини, слободно можеш да одјебеш. И мене ми падна малку чудно од човек кој е претседател на партија за која слободата е лајт-мотив врз кој ќе го градиме целото општество, да дојде ингениозна идеја за забрана за истакнување на старото државно знаме (променето под присила пред 18 години) на спортски манифестации, концерти и прослави (ваљда ќе смееме по имендени и на крштевки да си го помафтаме). Во превод, јас и ти според Ивон не смееме да вадиме Сонце од Кутлеш на сунце за да ги одоброволиме комшиите на југ.

ВАЖИ БЕ. ДРУГО НЕШТО?

Бат афкорс. Како секој патриот либерал заинтересиран за иднината на слободна Македонија и за слободен живот, слободно си земав право да ја проширам листата на активности кои можеме да ги направиме во насока на одоброволување на комшиите, затоа што не треба да се прашаш што тој комшија направил за тебе (а направил многу, нели), туку што можеш ти да направиш за твојот комшија:

2. Закон за забрана за употреба на струмичка мастика, строго узо значи узо је закон сад дали се разумемо децо? Чуваш ли ме кво ти говорја? Доволно долго нашата мастика ги нервира (не само) Грците. И не само сонцето, туку и анасонот е нивно ексклузивно право. Ние имаме ракија, нема потреба да пребаруваме преку лебот погача и преку шопска мастика. Мастиката долго време стоеше пред портите на маркетите и поради немањето напредок во преговорите со менаџерите да ја примат на полица, иако си ја потшљокуваат дома кога никој не ги гледа, ја прогласуваме за антидржавен елемент кој ги обезволува нашите јужни Грци и тие во блага депресија и тешка меланхолија стварно се индолентни кон нашиот прием во ЕУ и Нато со став „Дали сме за ФИРОМ да влезе во ЕУ? Кај кур да знаеме, ваљда не. Остајте не да пропатиме на раат".

3. Значи таратур, значи не. ТЗАЗИКИ! Но тука не можеме да се потпреме само на промена на името бидејќи имаме и содржинска разлика (павлака или кисело млеко), па иако навидум безопасен, македонскиот таратур подмукло ги поткопува историските позиции на грчките ѕаѕикаџии кои веднаш по измислувањето на сонцето и анасонот, ја откриле краставицата и кравите. Е, поради неможноста само да го прекрстиме таратурот во ѕаѕики, ниту да го возиме под референца (Поранешен киселомлечен луко-краставичен мезалак Таратур), скроз има да го забраниме. Значи, најлиберално, таратурот од утре слободно може да оди во историјата, а ние слободно ќе си јадеме само она што ќе остане. Ако баш и мора да јадеме секој ден.

4. Променливо облачно знаме. Зошто да ризикуваме дека либерално стратешката законска забрана на веќе сменетото државно знаме ќе е доволна знаме-нитост која ќе ги импресионира мамурните снеможени очи на Грците? Ајде да го потсмениме и сегашното: наместо Сонце, може да имаме сонце со облак – променливо облачно (како изборниот успех на идеите на нашите Либерали. Добро, они имаат и повремени грмежи). Замисли, знаме исто ко нашево само со насмеано сиво облаче. Гледаш и ти се смее, гледаш и ја засакуваш Македонија. Добрата волја ти расте моментално, либерлибидото во хиперпродукција шприца амандмани кои ги праќаш до Аргентина, Уругвај, Јапан, Тајван, Казакстан, Тибет и останатите земји кои имаат Сонце за знаме и бараш од нив сите да си фукнат некоја временска прогноза ко државен симбол. Златната зора на сонцето на либерализмот е ексклузивно грчка.

5. Промена на терапија од време на време – овој предлог е од хумани побуди и верувам дека ќе го протнеме заедно со другите предлози. Вака измеѓу, да не се приметвит многу. Терај даље.

6. Закон за задолжителен минималец за Солун – Законски да се определи минималец кој секој македонски граѓанин ќе мора да го потроши по грчките ресторани, кафулиња и продавници секој викенд кога оди таму. На пример, сума од 338 евра по човек пер посета (338 во херонејска чест, као ги подјебаваме суптилно) е супер бројка. Нормално, задолжително е секој Македонец барем 3 пати годишно да оди во Грција. Само тие да ни се весели, среќни и одоброволени.

7. Името, наравно. Пошо Македонија е превазиџено име и крај краева по малку досадно, дај ќе го фукнеме, шо, дали е важно како се викаш, или поважно е што кажуваш? Либертаријанското воспитување подразбира и одредена саможртва во име на повисоките цели (како на пример да ти е цел да имаш канцеларија во повисока зграда, или да си повисок, или само да ти е цел). Е сеа, бидејќи првиот либералец во Македонија знае како, комитски е да го прими прв (на новиот либерален одоброволувачки дискурс мислам). Сега се вика Ивон. Верувам дека не би му пречела промена во Квислинг. Или во / (коса црта).

СИ СЕ СПРЕМАЛ, А?

Татковината не трпи импровизации. Чекор по чекор. Ќе ја оправиме државата. Земја со вакви либерали не треба да се грижи за добрата волја на своите комшии. А комшија ко комшија, ако е при добра волја, нема да проба да ѝ се качи на жена ти. Нели е тоа гест на векот од негова страна?

ПРЕСРЕЌЕН СУМ ШТО ИМАМЕ ТАКА ДОБРИ КОМШИИ

А и ние не сме за фрлање, реално.

 

 Предлози за одоброволување на Грците (инклудинг Гркињите) праќајте на betmenvelit@gmail.com и @BatmanSaysT

8 ноември 2013 - 14:41