Осеќам дека му е баш безвезе кога ќе те види како се плашиш од себеси и како не си ја раниш душата со убави нешта, правејќи работи кои мислиш дека треба да ги правиш за да задоволиш критериуми кои други ги поставиле за апсолутни на патот за некаква умислена реализација на улица и во канцеларија, на тротоарите ко модни писти или на бескрајно досадните состаноци. Можда и му се прилошува и му доаѓа да бапне 2-3 ракии кога ќе те види како си сав незадоволен од све живо и диво: системот, комшиите, шоферите, владата, младата, фрижидерот, режисерот, од сè што не ти го исполнува со квалитет времето кое треба сам да си го исполниш со она што е најдобро за тебе.