Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе „Вонреден надзор врз работата на сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи". За невонредите плаќачи на услугите на каблеските оператори, овој вонреден напор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ( или група на Граѓани кои Носат Одговорни Јавни функции, во понатамошниот текст - „ГНОЈ") дојде во тотално непотребен момент.
Во писмениот извештај за овој вонреден надзор стои дословно дека програмските сервиси FOX, Fox Movies, Fox Crime и 24 Kitchen oд страна на ГНОЈ биле регистрирани врз основа на акт издаден од Совет за Електронски медиуми на Бугарија кој одобрил емитување на овие програми и програмски пакети во Македонија (до кога Бугарите ќе одобруваат нешто кај нас? Та не сме саде пасош, та не сме саде виза!). Со „Спортклубовите" ситуацијата е слична, само што нив ГНОЈ ги регистрирал врз основ на решение издадено од Романија (ах, Власи!), каде е регистриран тој кој ги има откупено правата за емитување во Македонија. О чему се ради, издробено? Некој фиљан Балгар и ербап Романец купуваат права за одредени програми кај велики бос на тие програми и му плаќаат права за емитување и во Македонија. Склучуваат договор со наши дребни кабелски оператори и...
Малку знаеле тие кои ги откупувале правата дека за да емитуваат во Македонија, треба бе да им дозволи Македонија. Па што се мислат тие, така лесно се влегува на нашиот силен тв пазар? Така едноставно дури рекле „сапуница" ќе изборат делче во пребогатата преубава програма на нашите телевизии и оние кои се подобни пред ГНОЈ добивајќи дозвола да зрачат кабелски?
Голем шок за мене е што од ГНОЈ ова го откриваат сосема случајно, вршејќи редовна вонредна проверка на телевизиите кои ги зрачат истите канали (инклудинг ново забранетите) едно 420 години. Кој и да е генијалецот ГНОЈ-евац кој се сетил дека со векови сме гледале нелегален Спорт клуб, безобразен Фокс и незаконски 24 Кичен, бруки од програми кои се дрзнале да очаруваат очи македонски без да побараат изим од ГНОЈ, треба да се награди и јавно да се истакне, за да можеме да му бидеме отворено благодарни.
Кој е проблемот на ГНОЈ? Никој, освен што овие шуги не си побарале амин за да ги пуштаат тоа нивните фудбали, поховани лигњи и досадни високобуџетни серии (западњачко срање) кај нашите кабелци. Имаат ли нешто од ГНОЈ против странски телевизии? Сачувај боже – доказ за тоа се сите телевизии кои сеуште си шибаат програма со тапија од султанот на ГНОЈ. Кои се тие програми?
Да тргнеме категорија по категорија: од спортските на кои припаѓаат Спорт Клуб и братучедите, ги имаме Еуроспорт 1 и Еуроспорт 2 шо е сосема доволно за сите љубители на повремен тенис, карлинг, ски скокови за нова година и одбојка на плажа кога има плажа. Бикоз кому му требаат преноси од сите врвни фудбалски лиги и НБА? Никому. Кому му треба досадниот 24 Кичен на кој ќе ми се прикажуваат рецепти за храна која не е во склад со новите владини мерки за здраво живеење? Кому му е до јадење ќе си ја глеа Баба Рада, ќе се тури во пиење чаеви и – чао. Фокс? Серии? Филмови? За Бога милога, какви се тие глупости? Малку ли серии со крв платени имаат нашите непресушни врела на квалитетна програма со национална концесија?
Сител ги има „Мирниот Сокак" (драма за еден сокак кој е во суштина мирен), „Огнови на љубовта" (како Бадниковите огнови само поемотивни), „Малечката невеста" (ајде, и за матури да се дочекаме), „Наследството на госпоѓицата" (поучна серија за имотно-правно нерешените односи кога имаш госпоѓици во тестамент), „Сила" (nomen est omen од серија) и „Збогум Румелија" (збогум!), која од која поексклузивна и на поголемо барање на публиката.
Канал 5? Не заостанува со квалитет. Таму својата радиоактивност ја шират „Неправда" (не се вести, серија е), „Мајки и ќерки" (Brazzers би платиле за ваков наслов), „Белото памукче" (како Белото Циганче, ама со памук), „Судбината на една Зерда" (преубава серија за судбината на една Зерда и сите кои ја гледаат) и мега-ултра популарната „Ајшен" (Ајшен е аутистична девојка со лоша кадрова политика на бирање животен партнер, али ваљда ќе е се океј на крај).
ТВ дискурсот на нашите телевизии кои имаат амин од ГНОЈ за разлика од безобразните банирани Фоксовци, Китченовци и Спортклубовци јасно ги покажува насоките по кои треба една културна телевизија да оди за да се стекне со правото на емитување програма во скапоцениот македонски етер.
Како одело преговарањето на Сител и Канал 5 со ГНОЈ?
-Добар ден добри луѓе, ние сме од македонските телевизии и би сакале да добиеме дозвола за зрачење програма на нашата територија преку кабелските оператори
-Добар ден, добар ден. Што програма имате, кажете брзо и отсечно, немаме вонредно време за губење?
-Па видете, имаме многу серии од турска и индиска продукција кои се на барање на публиката...
-А? На барање на публиката? Па одлично. Имате дозвола!
-Благодариме. Ама видете, имаме и уште неколку риалити шоу програми како „Ѕвездице Пинка и Гранд Продукције"....иииисто така на барање на публиката? (срамежливо додаваат нашите тв мецени)
-Па добро... добро, чим се на барање на публиката, веројатно е во ред... А чекајте, ексклузивни се?
-Да, да, да! Ексклузивни и неповторливи.
-Одлично, македонски телевизии. Од утре над Македонија нек се раѓа ново слободно сонце на малечката невеста.
Но, во склад со новите ветришта во легислативна Македонија и реоткриените ингеренции на ГНОЈ да санкционираат телевизии кои пред нос им зрачеле со години без нивен амин („Тато, тато, може да зрачам вечер во диско? НЕ МОЖЕ ЌЕРКО"), чесно е да претпоставиме дека и курентната програма на нашите телевизии ќе биде предмет на вонреден скенинг и интервенции. Еве пакет мерки кои би требало да се преземат за да се изедначат критериумите на рангирање на телевизиите кои смеат да допираат до најнежните делови на македонската публика:
- Телевизија која има дебатна емисија питам си га кога ќе добие дозвола да емитува програма
- Телевизија која за Нова Година ќе дава програма на српски јазик ќе плати глоба во износ од 10 склекови или ќе ги откупи правата за најновата најскапа ексклузивна и неповторлива серија за животот на овчарите во Анадолија. Напомена: ако програмата на српски јазик е ексклузивна и неповторлива и на барање на публиката, ГНОЈ ќе мижи кога таа ќе биде емитувана, за доброто на Македонија.
- MTV со сите подружници да си најдат преведувачи кои ќе ги преведуваат песните кои ги зрачат бидејќи во Македонија бе има да се зборува, пее или натсинхронизира на Македонски јазик! Ако може наместо Nirvana и Smells Like Teen Spirit да оди кавер верзија на наш златен јазик – да оди. Ако не, пуштете нешто од Орце Царот пошо кој ги ебе Нирвана и Металика, ко они да знаат што е најдобро во музиката.
- Телевизијата која ќе зрачи Лига на Шампиони во фудбал задолжително да организира некоја македонска екипа да игра во ова натпреварување или хасан сече каблите. Ако ова не е можно, да се формира Лига на Шампиони на Македонија и да се емитува наместо глупите светски натпреварувања. Барселона, Челзи и Баерн нема да ги научат македонските гледачи на љубов кон татковината и идентитетот.
- Ал Пачино да го пресними „Кум" и да си земе Кум од Македонија. Ние го земавме Жељко, тие нека земат некој од кај нас и квит ќе сме. Само да не бира Пачино некој од Влада, бидејќи немаме за давање од најдобрите.
- Веднаш да се прати допис до Бечка Филхармонија ако не ја свират догодина „Елено,Ќерко" може да заборават дека ќе го пренесуваме новогодишниот концерт. Што, да не не можеме да издржиме и само со снимката на концертот од Цеца која годинава ексклузивно, спектакуларно и на барање на публиката имаме можност да ја гледаме само на нашиот тотално терестријален Канал 5?
Татковината има потреба од квалитетна тв програма. Да се реформираме, вонредно. Слобода или Спорт Клуб!
Betmenvelit@gmail.com / @BatmanSaysT на твитер