Оваа прекрасна коинциденција на убави почетоци (или продолжетоци) каква има само во најубавите љубовни приказни, оваа пост-десеттојунска рапсодија на лежерно уживање ги обзеде сите кулоари од Амазона па до Фиџија. Видлива беше возбудата и кај бразилските и кај хрватските фудбалери кои синоќа само формално-правно го започнаа шампионатот, бидејќи The Real Deal започнува вечерва со симболичната реприза на финалето од пред четири години меѓу Холандија и Барселона маскирана во Шпанија.
Сепак, поголема трема во нозете за најавеното прекривање на фудбалското сонце со бетменски ракопис беше евидентна под штуцните на за-малку-комшиите од Јадран, па го загубија мечот со 3-1 според Бразилските и 1-1 според сите други медиуми. Веднаш по мечот не изостанаа и коментарите на селекторите кои вака го оценија воведот во светското првенство:
Нико Ковач, селектор на Хрватска: „Ова беше циркуз. Судијата беше право правцато говно, маму му јапанску, се навлекол да суди за жолти, да му го спотерам од Хаг па до Ротердам. Не сме задоволни од резултатот, реално требаше да победиме со 1-1 али кај дава Фифа на мало Балканче да масакрира Бразилци на отварање на шампионат во нивната домовина... Посебно знаејќи дека ако изгубеа мајку им набијем на киту од Женеира па до Сплиту, 400 милиони Бразилци ќе ја окачеа на средниот прст на Исус онаа нивна претседателка поријеклом из Бугарске Дилма Русеф. И со право - кај не е еснаф и домаќин па платила 270 милиони евра за еден стадион на место од кое Господ изведува корнер, таму не убацила уште 200-300 илјади за клетиот Јапанац да свирне еден пенал за нив. Сепак, не очајуваме, окуражени сме од враќањето на Манџукич во првиот тим и на Бетмен во првите офнетовски ровови и ќе ги тепаме Бразилците во финале. Или во некој друг домовински рат ако се спојат Европа и Јужна Америка, односно Бразил со Словенија да бог не да пу, пу, ако Амазон дојде да го пуни Јадран, најебали смо сви!"
Фелипе Сколари, селектор на Бразил: „Нејмар добар, Бетмен подобар. Се гледаме во финале."
И додека светот го уживаше огненото крштевање на мундијалот и ренесансниот распис на Бетмен на офф.нет, една мала земја на вулканскиот Балкан беше забезекнута од наглата промена на временските зони и промената за која никој човек не може да биде спремен: одеднаш Македонија се најде во различна временска зона со Бразил. Што тоа значи? Злите масонски ФИФА злотвори ја преместија Македонија во временска зона драстично различна од бразилската која не е во роднински однос со законите во Македонија кои јасно и читко велат дека угостителските објекти не смеат да работат после 01:00 часот – што и не е страшен проблем. Вредните жители на една земја треба да се откажат од шприцерисување и пивирање по кафани долго пред 01 наутро.
Меџутим, проблемот е што според новиот ајнштајновски распоред на временските зони, почетокот на последниот натпревар кој се игра во Бразил во Македонија по новото сметање на времето се паѓа точно на полноќ, шо ќе речит дека сите мрзеливи Македонци кои намераваат да локаат по кафани и да гледаат фудбал ќе треба да се простат со занимацијата точно пред почетокот на второто полувреме на натпреварот кој започнал на полноќ. Пази, тоа и не е така лошо и е во духот на Македонизмот: којзнае каква светска велесила во фудбал ќе бевме ако фудбалот се играше само едно полувреме. Меѓутоа, бидејќи од објективни причини Македонија не се пласираше на овој Мундијал (многу доцна беше финиширана националната Арена Филип II Македонски, па немавме доволно време да ги победиме сите окуражени од новиот стадион) сите спортско-угостителски работници лежерно го очекуваа почетокот на шампионатот во сега веќе временски оддалечениот Бразил и беа фатени на спиење како бек во офсајд одеднаш сфаќајќи дека Македонците ќе имаат кафанско право на само едно полувреме од последниот натпревар.
Спасот од ваквата неочекувана ситуација нашите угостители прво ја побараа во Министерстово за Економија од каде биле пренасочени со форхенд дијагонала решението за вонвременскиот проблем да го бараат во локалните самоуправи. Таму пак (конкретно, Град Скопје) ги дочекува фантастично логично туше: Општината може да определи пар денови за вонредно работно време само на настани на кои истата таа општина (најконкретно Град Скопје) е ко-организатор.
Наоѓајќи се во пат позиција, решен на бранот на ребетменизувањето на оваа парцела од интернет просторот да помогнам на соборците од фудбалско-гурманските редови, имам решение на овој проблем.
Прво, треба да сфатиме дека проблемот воопшто не е проблем. Го разгледав распоредот и сфатив дека од натпреварите кои се играат на полноќ, а такви се само во групната фаза, Македонија може да се соблазнува со фудбалските велемајстории само на четири од нив – значи секоја локална самоуправа ќе треба да определи четири дена во кои кафаните и кафичите ќе може да работат до 02 по полноќ, освен на една во која опционално ќе може да работат до 06 наутро, зависно од резултатот. Еве ги деновите и натпреварите во кои кафанска Македонија треба да легне да спие еден час подоцна:
1. Сабота на полноќ – Англија вс. Италија: Дерби, да не се заебаваме.
2. Недела на полноќ - Аргентина вс. Босна и Херцеговина: Гаучосите се шизици, Босанџеросите се најтоплокрвната земја која припарила до Бразил годинава.
3. Среда на полноќ - Камерун вс. Хрватска: Во подготвителниот период за Светско Камерун ја победи Македонија. А Македонија пред неколку години ја победи Хрватска. Ако Хрватска го победи Камерун, а Камерун стане светски шампион, фактички ние ќе сме посветски шампиони од нив.
4. Четврток на полноќ – Јапонија вс. Грција: Сеј ноу мор. Која друга нам блиска земја игра на Мундијалот и би гореле од желба да ја гледаме? Дали имаме некој помил од луѓето кои ќе истрчаат на терен и ќе се борат со противникот до последниот самурај? Зарем има победа која повеќе ја посакуваме од онаа на нашите најблиски? Нормално дека зборувам за Јапонците. Толку се сакаме што за да не си правиме проблем со знамето, тие се одлучија нивното знаме да има сонце без краци. Ова е и мечот после кој сите би работеле до 06 наутро, нормално, доколку нашите комшии по Сонце, Јапонците извојуваат самурајска победа.
Значи, новонастанатата ајнштајнова дилема која ја доживуваме како проблем - воопшто не е проблем. Останува онаа ситна техникалија македонските општини да се вклучат во организацијата на Светското првенство во Бразил за да можат да ја направат оваа кардинална мега промена во своето законско животарење и да им дозволат на граѓаните да гледаат фудбал заедно со стотина фудбалски војводи и да потрошат некое денарче плус кое нема да значи многу во џебот на пребогатите угостители, но ќе е фер надомест во даночниот буџет на општината за ванчовечкиот напор во кој во четири дена ќе биде дозволен пир од калигулански размери: еден час плус работно време.
Плус, ако нашите општини се вклучат во организацијата на Светско Првенство, ќе има повеќе работа и за Миро Илич, Цеца, Аца Лукас, Жељко Јоксимовиќ и другите балкански дејци со скоро македонски пасош кои по принципот на размена на студенти, дисиденти и естаблишменти ќе упецаат некоја тезга по фавелите на Рио. Пивофест со Харис Џинович наместо во Прилеп да се одржи во Коритиба. Големиот концерт на Цеца наместо на охридската Маракана на 2-ри август може да се премести на оригиналната Маракана во Рио. Нема потреба да спомнеме дека баш и некоја галама нема да го наруши мирниот сон на нефудбалски настроените вредни Македонци кои легнуваат на време и им пречи бучава: главното жариште е на десетици илјади километри од нас.
За да сме фер, ние ќе прифатиме еден натпревар од СП во Бразил да се игра кај нас. Еве, на пример финалето. Можеби немаме тим, ама имаме каде. Ако може Жељко да го наполни Градски, ваљда ќе можат и Бразил и Аргентина.
Али да не зборувам пред рака.
Општини, вие сте на потег. Еве ви го меилот на ФИФА, пишете им молба за ко-организирање на Светското првенство. Нека се људи радују: http://www.fifa.com/contact/form.html
Сите други, бујрумте тука: betmenvelit@gmail.com