Предолго време некои социјални работници, наставници и доктори, децата кои имаат дилеми околу својот родов идентитет ги прогласуваа за транс со порака дека нивниот нов идентитет треба да се афирмира со ново име, обраќање, различна облека, советувања, хормонални терапии и конечно хируршки интервенции. Сега конечно гласот против тоа го дигаат петмина клинички експерти од британската клиника за сексуално здравје, Тависток центарот, во интервју за Тајмс.
Тие се загрижени дека дифолтните консултирања служат само да ја потврдат детската збунетост и дека тие прерано се охрабруваат за транзитирање без да се има време за темелна проценка дали тоа навистина е најдобриот пат за нив. Особено се загрижени за праксата за препишување хормонални блокатори кои запираат нечиј сексуален развој и водат кон неплодност, а се препишуваат и на тинејџери на само 16 годишна возраст.
„Општ гнев и револт би бил предизвикан доколку на ваков начин се експериментира со која било друга група во општеството. Ама затоа, за деца, честопати много ранливи деца, етикетата „трансџендер“ значи дека сите етички стандарди се напуштени,“ пишува Џоана Вилијамс.
Оние кои проговорија за Тајмс веруваат дека трансџендер организациите прават сериозна штета кога транзитирањето во друг пол го промовираат како решение за сите проблеми на едно конфузно дете или тинејџер. Тие ја лепат етикетата трансџендер и на деца кои се борат со својата сексуалност но кои можеби ќе пораснат во геј/лезбејки без да треба да менуваат пол.
Бројките на оваа тема се фрапантни: Во 2010 година, во Тависток центарот се пријавиле 94 случаи со проблематичен сексуален идентитет. Во истиот центар, во 2018 имало 2.519 такви случаи. Најмалиот „пациент“ имал - три години (?!).
„Ранливоста на оваа група деца би требало да е доволна причина да не се брза со одлуки кои неповратно ќе им го сменат животот. Но, на родителите кои сакаат да бидат претпазливи, лоби групи и здравствени работници честопати им викаат дека ТИЕ се проблемот. Училиштата им дозволуваат на децата да си го сменат името, обраќањето и облеката, не почитувајќи ги желбите на родителите а во крајни инстанци тие можат и да се казнат со одземање на детето,“ пишува Вилијамс.
А неретко, не децата туку родителите се тие кои треба да одат на советување. Постои огромна разлика меѓу повозрасен тинејџер и детенце. Вториве немаат абер за светот и тие може да се идентификуваат и како воз, а не па како некој со друг пол. На родителите со тригодишно дете треба недвосмислено да им се каже дека ако нивното синче си игра со кукли, или нивното ќеркиче со колички, тоа не е никаква причина веднаш да одат на клиника како што е Тависток.
******
Види и:
Да смениш пол не е исто како да смениш патец
Психо-терапевт за опасностите од транс-идеологијата: „Експериментираме со децата“
*******
Додаток од читателка:
vo vrska so statijata "Da se sopre trans ekspolatacijata na deca", vi prakam eden youtube link od blaire white. trans-zhena, shto ne e bas trans-zhena po novi standardi. Ona e protiv celokupniov SJW mentalitet, i e protiv toa na deca da im se davaat hormonski terapii.
Verica