Се работи за синтетичка варијанта на ресваратрол, елемент кој се наоѓа во црвеното вино и за кој се верува дека го забавува стареењето зголемувајќи ја активноста на протеинот SIRT1.
Фармацевтскиот гигант GlaxoSmithKline го тестира на пациенти со канцер, дијабетес и срцеви заболувања.
Оптимистичките прогнози велат дека за 5 години може да добиеме серија лекарства кои третираат една болест, но истовремено превенираат 20 други.
Ензимот SIRT1 знае природно да се вклучи со намалување на внесот на калории и со физичка активност но и со тн активатори од типот на ресваратролот кој го има во црвеното вино.
Досегашната фармација не успеала да најде лек кој може да влијае врз работата на поединечен ензим.
GlaxoSmithKline ги купи правата за оваа технологија во 2008-ма и до сега развил илјадници активатори кои се и по 100 пати појаки од чаша црвено вино. Засега не е најден активатор кој би можел да влијае врз стареењето на кожата.