Зошто јапонските деца сами одат на школо?

Дефне и Вљубениот ерген? Ѕвездички на Пинк? Не, една од најпопуларните детски емисии во Јапонија се вика „Мојата прва задача“. И во неа се праќаат деца до самопослуга по леб и млеко.

Во Јапонија е сосема нормално да се видат шестгодишни деца како со слободана карта за јавен превоз закачена на ранецот трчаат по метрото барајќи слободно место. Некогаш се во групи, некогаш сами, но речиси никогаш во придружба на возрасно лице.

Јапонија е земја во која веќе 25 години една од најгледаните емисии е „Мојата прва задача“ во која деца (дури и на само три години) се праќаат во продавница а попат ги следи камера.

Антропологот Двејн Диксон кој има пишувано за културолошките аспекти на јапонскиот подмладок вели дека не се работи толку за тоа децата да бидат самостојни колку што поентата е потпирањето на заедницата.

Децата во Јапонија уште од најмала возраст научуваат дeка нивната заедница функционира така што секој нејзин член мора да им помогне на другите, што особено доаѓа до израз во училиштata каде што малите наизменично чистат ходници или послужуваат јадење.

 

22 март 2017 - 11:48