Руски каубојци

Компилација од санкции, вртење кон домашно производство и јуриш во освојување на се попространи земјоделски земјишта, доведе до формирање на нова професија во Русија - каубојци.

Како што Америка и нејзе блиските по анектирањето на Крим воведоа санкции на производи од Русија, така и Русија им возврати со забрана за увоз на производи од овие држави. Со овој потег, беше опфатен над 50% од увозот на месо, млеко и зеленчук во Русија.

Меѓу мерките што Русија ги презема околу ова е субвенционирање на домашното производство на сето она што недостасува од овие ставки.

Па како последица на сето ова, месната индустрија освен што купува огромни пространства земјиште, увезува и нови сорти на стока од Австралија, а за сето тоа се одговорни локални каубојци, обучени од американски експерти. До сега, веќе е надмината бројката од 1.000 каубојци на руските фарми.

 

14 ноември 2018 - 12:10