Што за мажите е најстрашно кога имаат секс? Да не кажат никому. Што е најстрашно ако „имаат секс“ со помош на Порнхаб? Да кажат на сите.
Токму на таа тема си поиграа администраторите на Порнхаб за априли-лили. На кликање на нивно видео во саботата се појавуваше известување дека изборот е споделен на социјалните акаунти на корисникот.
„Веќе немате потреба мануелно да ги споделувате видеата со вашите пријатели и роднини бидејќи новиот револуционерен начин на споделувате тоа автоматски го прави за вас„ пишуваше на пораката.
Колку што знаеме, нема вистински жртви од заебанцијата на Порнхаб и никој не успеал да си пука во веѓа пред да ја види втората порака која открива дека се работи за првоаприлска шега и дека гледањето Порнхаб е безбедно и приватно.
Добра финта за април - жанровски сосема поинаква - имаа и NPR