На 23 март 1839-та година, во Бостон Морнинг Пoст за првпат се појавува фразата "ОК". Напишана од Ален Меткалф, на втора од четирите страни на неговиот пост, во параграф кој требало да биде хумористичен. Ова е оригиналот:
The "Chairman of the Committee on Charity Lecture Bells," is one of the deputation, and perhaps if he should return to Boston, via Providence, he of the Journal, and his train-band, would have the "contribution box," et ceteras, o. k.—all correct—and cause the corks to fly, like sparks, upward.
Делот со хуморот можеби го пропуштаме но сепак се работи за нешто од пред 174 години. Things have changed но "ок" останува. Набргу влегува во речникот на Мериам - Вебстер, прво како именка а подоцна и како глагол.
Фразата станува вирална и затоа што уште рано е проследена и со политичка кампања. Американскиот претседател Мартин Ван Бурен на изборите во 1840-та оди со прекарот "Old Kinderhook" (Киндерхук е неговиот роден град) и се формираат ОК клубови за поддршка на неговиот реизбор. Сепак губи од противкандидатот Вилијам Хенри Харисон кој настапува со слоганот "Log Cabin and Hard Cider".
Вљубениците во американската култура сметаат дека двете букви од оваа фраза идеално го претставуваат американскиот начин на вршење на работите, нè учат на толерантност и помагаат во безбројните преговори во секојдневието.
Ако не ви се слави овој роденден, ок е.