Некои меѓу нас имаат гени на вонземјани

Вечната научно-фантастична тема дали треба да ги бараме вонземјаните меѓу нас на Земјата, наместо по далечни соѕвездија, добива понагласена научна димензија. Истражувајќи бази со податоци за човечка ДНК, биолог пронашол невообичаени генетски секвенци што не се наследени од родителите и чие постоење не може да се објасни и водат кон претпоставката дека се вметнати.

Молекуларниот биолог Макс Ремпел, кој ги идентификувал ненаследните секвенци, смета дека тие имаат вонземно потекло, а луѓето што ги носат во себе ги нарекува хибриди

Ремпел анализирал генетски податоци од 581 семејство опфатено во Проектот 1.000 Геноми – јавно достапна база на податоци за човечки генетски информации. Во 11 од овие семејства, тој пронашол долги секвенци на ДНК кои не биле наследени од ниту еден од родителите. Вкупно биле идентификувани 348 генетски варијанти кои нормалното генетско наследување не може да ги објасни. 

Човештвото можеби е во процес на генетска трансформација. Ако се потврди ова, би било можно да се открие кој луѓе носат вонземна ДНК и во суштина се хибриди, вели биологот со докторат од Институтот за генска биологија во Москва.

Ремпел смета дека необичните сегменти на ДНК би можеле да објаснат зошто некои луѓе имаат поразвиена перцепција или телепатски способности.

Уште почудно е што овие „вонземни“ гени биле повеќе присутни кај лица што тврдат дека биле грабнати од вонземјани. Во податоци за ДНК за овие лица од базата 23andMe имало ненаследни маркери, што според него сугерира дека можеби биле декодирани, при што биле таргетирани специфични семејни линии.

Студијата сè уште не е прегледана од експерти, а некои се сомневаат во теоријата. Најџел Вотсон забележува дека необичниот генетски материјал можеби е последица на технички грешки или контаминација во генетските бази на податоци. 

Ремпел е убеден дека неговата теорија може да биде докажана со алатки за секвенционирање од идната генерација, кои со повисока резолуција ќе може да забележат генетски варијанти. Тој додава дека новата технологија ќе може појасно да ја потврди или да ја отфрли неговата теорија дека „вонземните“ гени можеби се поврзани со невродивергентни особини, како што се аутизам, ADHD и Аспергеров синдром.

15 октомври 2025 - 15:15