Се појавуваат одвреме-навреме некои видеа, кои пленат со својата експерименталност, а зад чија досадност едноставно мора да се крие некаква порака. Ако мислевте дека победник во оваа категорија е трејлерот за „Торинскиот коњ", имаме уште поголем предизвик за вас.
Вирџин Америка објави видео, со кукли онакви ко од излог, кое симулира најлош можен лет од Њуарк (Њу Џерси) до Сан Франциско во реално време. Тоа значи дека шест часа гледате главно во една точка, си играте со држачот за послужавник пред вас, ве вадат од памет ликови на стујардеси како излезени од кај Дејвид Линч и слушате како сопатниците џвакаат кикирики и зборуваат кое им е омилено сирење. Поентата, ако имате трпение да ја дочекате, е - вака изгледа кога не патувате со нас, туку со конкурентските компании.
Чудно, но во моментов повеќе од 150,000 луѓе го гледале филмов (или делови од него), а истиот се прикажува и на летовите на Вирџин Америка. Креатори се рекламната компанија Eleven San Francisco и Blah Airlinies, отворен е и лажен сајт www.blahairlines на кои има божемни сведоштва, како и твитер акаунт од кои ви одговараат како да се реална авио-компанија.
Да не ви губиме многу време, бидејќи ќе ви треба: