
Освен телевизиската публика, од ЕСПН изјавуваат дека уште 490.000 луѓе го имаат стримувано натпреварот на нивните мобилни уреди (телефони, таблет уреди). Со ова натпреварот САД - Португалија ја достигнува публиката од финалето на СП 2010-та меѓу Шпанија и Холандија.
Освен возбуденоста на Американците по победата над Гана, важен фактор за рекордната гледаност беше и тоа што натпреварот се падна недела попладне, еден од термините во кои редовно има најголема ТВ публика.
Поделбата на публиката е 18,2 милиони гледачи на ЕСПН (пикот достигнал околу 23 милиони), и 6,5 милиони гледачи на Унивизион, телевизиската мрежа за публиката од шпанско говорно подрачје. Според претседателот на Унивизион, за голем број од латиносите, репрезентацијата на САД станаа вториот омилен тим за кој навиваат на Мундијалот, по нивната татковина.
За споредба, натпреварот собра повеќе публика отколку финалето во НБА (15,5 милиони гледачи по натпревар) или финалето во бејзбол (14,9 милиони гледачи по натпревар).