Договорот меѓу поранешниот водител на Дејли шоу и Епл ТВ+ е потпишан на повеќе години, и предвидува 1-часовни епизоди на актуелни теми.
Откако си замина од Дејли шоу, една година пред Трамп да стане владетел на САД, Стјуарт неколку пати се има појавено по американските телевизии, режираше еден филм за Епл ТВ+ и имаше стендап турнеја со Дејв Шапел.
Според Холивуд репортер договорот со Џон Стјуарт е поопширен и му дава на Епл предност кога се во прашање другите потенцијални проекти на комичарот.
Новото шоу пак ќе биде во „вести формат“ а Стјуарт повторно ќе биде главен водител.
Премиерата на шоуто кое се уште нема официјално име се очекува да биде следната година, без подетално да се навлегува во кој дел од годината.