Новото шоу ќе се емитува еднаш во седмицата и тоа во недела навечер, а премиерата ќе му биде на почетокот од следната година.
"Не баравме уште едно неделно ток шоу, меѓутоа кога го видовме Џон Оливер како се справува со водителските задачи на The Daily Show, знаевме дека неговата уникатна перспектива и впечатлив глас припаѓаат на ХБО. Многу сме возбудени што Џон се согласи ХБО да биде негов дом," изјавил претседателот на HBO Original Programming, Мајкл Ломбардо.
На Комеди Централ, освен Дејли Шоу, Џон Оливер имаше и свој стендап, а повремено се појавуваше и во "Community" на NBC.
"Неверојатно сум возбуден што му се приклучувам на ХБО, посебно што претпоставувам дека ова значи дека сега добивам бесплатен ХБО. Сакам да му се заблагодарам на Комеди Централ и на сите во Дејли Шоу, за најдобрите седум и пол години од мојот живот. Но најмногу од се, би сакал да му се заблагодарам на Џон Стујарт. Тој ме научи се што знам. Всушност, ако не успеам во иднина, тоа е комплетно негова грешка," изјавил Оливер.
Не се знае за која сума водителот преминал во ХБО, а од таму се уште немаат соопштено кој ќе биде продуцент, кое ќе биде името или датумот на премиерата на новото шоу.