Бугарија го доби својот Ал Банди

15 години откако се одјави од етерот оригиналната хумористична серија Married With Children (Брачни води), Бугарија реши да сними своја верзија на Ал Банди и неговото семејство. Некои американски фанови на серијата се ужаснати од вакво сквернавење.

Серијата ќе оди на бугарската Нова ТВ, а семејството ќе се презива Бикови.

Оригиналот одеше цели 11 сезони а Ал Банди и неговото дисфункционално семејство се уште имаат огромен број фанови ширум светот.

На коментарите дека не може да постои друг Банди освен оригиналот, бугарскиот продуцент потсетува дека верзии на серијата веќе се снимани во Аргентина, Ерменија, Чиле, Колумбија, Хрватска, Германија и други земји.

Бујрум линк за првата бг епизода а подолу потсетување дека Бугарија беше спомната и во оригиналната верзија, од "бистрата" ќерка на Ал Банди која ја играше Кристина Еплгејт:

 

 

29 март 2012 - 21:35