Два американски супермаркети Safeway и Kroger, веќе почнаа со кроење на цени за секој купувач, врз основа на производите што ги купувал во минатото.
Во пракса ова значи дека ако некој е редовен купувач на помади од (на пример) Нивеа, тој би добил дополнителен попуст за купување на (пример) дезодоранси од Нивеа, како еден од начините тој да се поттикне да ги користи и другите производи од компанијата.
Најголема загриженост околу целата работа е колку со ова супермаркетите ќе навлезат во приватноста на потрошувачите.
Нешто слично веќе долги години се практикува во авионскиот превоз, рент-а-кар и хотелското сместување. Сепак овие цени речиси секогаш се базирани на тајмингот и пополнетоста на капацитетите.