Водич низ колеги

За разлика од дома, во канцеларија не можеш да им заспиеш на тие што не можеш да ги трпиш. Еден дел од типовите на колеги што можат да ти се паднат во која и да си компанија со повеќе од 10 вработени.

Колегата што никогаш немал лош ден во својот живот. Овој е најнеиздржливиот колега. Тој е постојано неподносливо среќен и е навистина возбуден околу сè. Тој сè прифаќа со задоволство - комплименти, критика, предавања за заштита на работа - и е само една пријателска насмевка оддалечен од уште еден пресреќен момент. Посебно е неподнослив во понеделник наутро.

Тажниот. Не е дека цело време цмиздри, туку едноставно не може да не мисли на лошо. Ако нешто добро се случи, тој размислува што тоа значи. Ако нешто лошо се случи, се свива над бирото и им се јавува на цело семејство за да им ги каже своите грижи. Кога треба да се работи, тој работи, ама во постојано очекување нешто лошо да се случи.

Колегата што живее за ручек. Ова е ликот што уште во 10 часот почнува со муабетот за ручек. Воведот во големата одлука која треба да ја донесе околу пладне, вклучува што се јадело претходниот ден, дали да оди да купи за храна или да нарача, забелешки за тоа како ручекот се променил во изминатите 10 години. По ручекот, следува муабетот за тоа дали ручекот ги исполнил очекувањата.

Колегата што уште зборува. Ако седиш блиску до него, инвестирај во слушалки, за да можеш да се смириш во моментите кога ќе ти прекипе. Главна грешка што можеш да ја направиш е да му одговориш нешто или да го прекориш. Ако ликот почне да зборува за другите колеги од канцеларија, тогаш во прашање е оговарачот.

Тврдината. Ова е колегата што зборува со очите и движењата, ама ретко со устата. Тој ретко разговара, освен на кратко со да или не, или со климање со главата. Неговите очи раскажуваат и издават нешто од приказната, само што никогаш нема да знаеш дали тоа е љубов или омраза или одбивност или апатија, или човекот може едноставно е робот.

Колегата Шеф. Не е шеф во хиерархиска смисла, ниту пак колегата што се прави дека сè знае. Ова е колегата што не е на позиција шеф, ама се однесува како да е.

Колегата со вицовите. Овој е ист како колегата што уште зборува, само што неговиот муабет е составен од вицови. На него не му пречи дали е забавен или не, бидејќи без разлика што сакате, вие 8 часа сте затворени со него и сте му публика.

Колегата кодош. Не ви е претпоставен, може да биде и под вас во хиерархија, ама тоа не му смета постојано да ве пази што правите. Кога мислите дека некој ве гледа додека сте на Фејсбук во работно време, тогаш тоа е тој. Или ако твитате, или ако вашиот шеф добил линк од Форсквер каде сте се чекирале во работно време.

Колегата што има едно повеќе. Ако вие имате два монитори, он има три, тоа му е најважно..

Машината. Ова е човекот кој - не ви е јасно како ама се сомневате дека можеби не е човек - пие и оди на забави секоја вечер во неделата, меѓутоа наутро се буди свеж и речиси перфектно завршува се што работи, без да се жали (но со многу кафе и алтернативни извори на кофеин). Не треба да си играте со машината, бидејќи машината е програмирана да заврши што треба и тоа ќе биде завршено.

12 септември 2012 - 18:43