Џон Креницки, поранешен директор во Генерал Електрикс, како дел од договорот за заминување од компанијата, ќе добива апанажа од 89.000 долари месечно (еден милион долари годишно) се до 2022-ра.
Џон Велч, колега на Креницки од ГЕ, на заминувањето од компанијата доби околу 2,5 милиони долари во најразлични поволности. Тој имаше пристап до еден приватен авион на ГЕ за неограничена лична употреба, потоа апартман во Њујорк (чија кирија е 50.000 долари месечно), лимузина и возач, Мерцедес Бенц за сопствено користење и канцеларии во Њујорк и Конетикат, личен асистент, обезбедување. Во 2005-та, Велч се откажа од сите овие работи, затоа што му правеле "голем проблем со перцепцијата" кај другите.
За разлика од нив, Ерик Шмит, доби 101 милион долари оштета кога ја напушти позицијата ЦЕО на Гугл. Ова е 323 пати повеќе од годишната плата што Шмит ја земаше во последната година додека беше на позицијата.