Предлогот за ограничување на достапноста на кофи-шоповите е дел од поширока стратегија на Амстердам за потиснување на организираниот криминал и намалување на дрога туризмот.
Зад предлогот се полицијата, обвинителството и градоначалничката, а нивните очекувања се забраната да почне да важи во текот на следната година.
Претходно истражување на холандската влада покажа дека 58% од странските туристи што го посетуваат Амстердам, главно доаѓаат за да консумираат дроги. Според друга, доволни се 70 кофи-шопови за да се опслужуваат само локалците (градот има популација од околу 850.000 лица).
Претходно вакви забрани веќе беа воведени од Мастрихт и Хертогенбос по долгогодишни поплаки за претеран број на дувачи туристи од Белгија, Германија и Франција.
Последниве години Амстердам активно работи на намалување на бројот на туристи (кои ги има околу 20 милиони годишно со тенденција до 2025 да станат 29 милиони), па почна да го намалува бројот на продавници за туристи во центарот на градот, да ограничува број на Ербиенби капацитети, блокираше изградба на нови хотели и го зголеми данокот.
Против предлогот се претставниците на сопствениците на кофи-шопови, кои предупредуваат дека затворањето само ќе ја префрли трговијата на улица, „луѓе сакаат да пушат џоинт, ако не можат во кофи-шоп, тогаш ќе тоа ќе биде на улица.“