Хокинг ова го изјавува за време на отворањето на Центарот за иднината на интелигенцијата на Универзитетот Кембриџ, кој е замислен како место во кое некои од најголемите умови на денешницата ќе се обидат да ги решаваат проблемите околу вештачката интелигенција во реалниот живот.
"Трошиме многу време изучувајќи историја, која, да бидеме реални, во најголемиот дел е историја на глупавоста. Па станува добредојдена промена што луѓето наместо тоа ќе почнат да ја изучуваат иднината на интелигенцијата," порачал Хокинг.
Објаснувајќи дека потенцијалните бенефити на создавање интелигенција се огромни и дека ние не можеме да замислиме што се може да постигнеме кога нашите сопствени умови ќе бидат засилени од вештачка интелигенција, Хокинг многу разумно признава дека "создавањето моќна вештачка интелигенција ќе биде или најдоброто или најлошото нешто што му се случило на човештвото." Меѓутоа и со ваков ризик, истражувањето на иднината на интелигенцијата е "клучно зо иднината на нашата цивилизација и нашиот вид."
"Можеби со алатките на оваа нова технолошка револуција, ќе можеме да поправиме дел од штетата што и беше причинета на природата од последната технолошка револуција - индустријализацијата. И ние секако ќе се стремиме кон комплетно искоренување на болестите и сиромаштијата," изјавил Хокинг.