Според нив доминацијата на рапот и поврзаните жанрови "се најважниот настан кој ја оформува музичката структура на американските топ листи," во педесетте години што тие ги изучувале. Подзаклучокот им е дека влијанието на Битлси е преценето, додека Грендмастер Флеш веројатно е потценет.
Во студијата се анализираат исечоци од по 30 секунди од 12.094 песни што се појавиле на Билборд топ 100 листата (околу 86% од сите). Тие се фокусираат на класи на промена на акорди и растот или падот на одредена боја на глас.
Една од работите што ја заклучуваат е дека низ сите овие децении има неколку "главни акорди кои не се менуваат" и се застапени кај речиси две-третини од песните што ги изучувале. Користењето на основните 7 акорди, кои често ги има во џез и блуз, паѓа за 75% во периодот од 1960-та до 2009-та.
" Има многу мал скок од Гершвин до Гудман, или од Битлси до блуз; за споредба, поп и џез денес зборуваат многу поразличен музички јазик.
Ова објаснува зошто толку млади луѓе денес го игнорираат џезот. Бидејќи поп музиката што ја слушаат ја губи целата трска со Елингтон-Армстронг традицијата, и повеќе немаат чувства кон оваа музика, ниту природен начин за да ја забележат нејзината комплексност," објаснува Том Џејкобс за Пацифик Стандард.