Кратко упатство за машки костуми

Оделото ГО чини човекот, само прашање e дали го чини скапо или ефтино. Што е разликата меѓу еден ефтин машки костум и машки костум од 5.000 долари? За сите трупови како нас, во кратки белешки објаснува професорот Салваторе Џиардина од Fashion Institute of Technology.

Костум "И тоа е за луѓе"

- Ткаенината и поставата се споени со лепак.

- Цена на материјалот околу 15 долари. Најчесто потекло: Кина, Индија, Тајланд и Индонезија.

- Време за изработка: 30 минути, комплетно машински

- Цена: меѓу 99 и 1.000 долари

 

Костум по мерка

- Меѓу ткаенината и поставата има лепенка, најчесто делумно, на предниот дел. Лепенката го штити обликот на костумот.

- Цена на материјалот: 200 долари или повеќе. Потекло: Италија или Англија

- Време за изработка: меѓу 8 и 12 часови, рачно и машински

- Цена меѓу 1.000 и 2.000 долари

 

Костум за сите пари

- Сакото е направено од неколку слоеви ткаенина. Целосна лепенка од фини коњски влакна за зачувување на формата.

- Цена на материјалот: 600 долари и повеќе, од Италија и Англија.

- Копчиња сошиени со свилен конец.

- Време на изработка: 75 часа, повеќекратни полнења, рачна изработка.

- Цена: 5.000 долари и повеќе

7 септември 2012 - 09:53