Кој последен се смее, си го разбира бизнисот

Ако кога почнаа да се појавуваат машките ташни (man purse) нивните сопственици ги пријавуваа како "абе поклон е од брат ми," денес истите овие додатоци се бизнис вреден 9 милијарди долари години, а брат на брат не подарува секоја година една иста чанта.

Продажбата на машки чанти во изминатите 5 години расте со 2 пати поголема стапка отколку остатокот на индустријата на луксузни производи. Од 2008-ма во Азија пазарот е зголемен за два пати, а на Средниот Исток во истиот период е пораснат за две третини.

Како и за други работи главната причина зад ваквиот успех на чантите за мажи се новите трендови кои мажите некако одлучија дека е време да ги прифатат.

Токму расположеноста на мажите за користење и носење на најразлични додатоци, започна цела нова гранка во индустријата на луксузни производи, заради што се повеќе луксузни брендови отвораат продавници само за мажи, во обид да ја освојат новата публика.

10 октомври 2013 - 21:43