Доктор Џоана Затерстром-Шарп смета дека претпоставката дека млекото е клучен дел од човековата исхрана „може да се сфати како супремацистичка“ бидејќи луѓето вон Европа и Северна Америка имаат високи нивоа на нетолерантност кон лактоза.
„Проектот ќе ги истражува и замислените и реалните аспекти на млекото откривајќи ја интимната и политичка природа на оваа секојдневна состојка,“ објаснуваат од музејот.
Парите за истражувањето на расизмот во млекото ги дава Советот за истражување уметности и хуманитарни науки, кој пак е финансиран од буџетот на Британија.
Освен што млекото може да е проблематично за неевропските народи, доктор Затерстром-Шарп исто така алармира околу начинот на кој локалното производство на млеко во Африка е уништено за сметка на ширење на индустриските методи за производство на млеко за да се добијат поголеми количини.