На 16 јули во Cineplexx ќе започне со прикажување на долгоочекуваниот Марвелов суперхерој Ant Man, на радост на бројните фанови на Марвеловите стрипови. Ant-Man според најавите е доказ за Марвеловата способност да внесат различност во креирањето на суперхерои, дури и малку ексцентричност, и тоа без да потпаднат во шаблонот, и да ја зачуваат својата стабилност во базата на фанови.
Ant Man ја раскажува приказната за малиот крадец Скот Ланг (толкуван од Пол Руд) кој му помага на својот херој Др. Хенк Прим (Мајкл Даглас), со тоа што се сложува да го носи костимот на Ant-Man и да се намали до големина на мравка за да изведе грабеж со кој ќе го спаси светот и човештвото.
Проекциите на благајните за првиот викенд на прикажување се движат меѓу 55 и 65 милиони долари, што ќе биде голема победа за најмалиот суперхерој на светот, креација на Marvel Studios и Disney, но што делува навистина како скромно очекување по неверојатното деби на Guardians of the Galaxy со 94.3 милиони американски долари само на домашниот пазар.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, изјави: „Овој проект го работевме во соработка со MPC Technocolor и од првиот Iron Man 2 во 2010 година, ова е деветти Марвелов филм на кој сме работеле, и сме горди на континуитетот во квалитет наспроти динамичните промени во технологија и начин на работа во нашата индустрија во последните 5 години.„
(комерцијален текст)