Третото дете на војводата и војвотката од Кембриџ е родено во болницата Сент Мерис во Лондон, во „делукс крилото“ на болницата.
Наспроти ова се бројките на Економист според кои просечно породување во САД во 2015 чинело 10.800 долари. Сумата е за породување, и не ја опфаќа грижата пред и по породувањето, по која просечната сума изнесува околу 30.000 долари.
И покрај тоа што САД е најскапата земја на светот за породување, тоа го нема многу зголемено „здравствениот исход за мајката и детето“. За семејствата е проблематично и што е многу тешко да добијат процена колку ќе чини целата процедура.
Разликата меѓу Мидлтон и американските мајки е и тоа што, ако таа беше вработена според британскиот закон ќе и следуваше 37 неделни трудничко отсуство (неплатено и до 50 недели), додека на Американките по закон не им следува вакво отсуство.