Според традицијата, со првата сесија на нов француски парламент заседава најстариот новоизбран пратеник а му асистира најмладиот. Во случајов тоа беше 22 годишниот Флавијан Терме од партијата на Марин Ле Пен кому никој од колегите и колешките не му пружи рака, еден му изигра лист-камен-ножички а Себастијан Делогу, алжирски мигрант од Марсеј, дури и заканувачки го зазјапа, како пијан цреп во селска дискотека.