Први што треба да прогласат капитулација се западните санкции
До сега историски незабележаните санкции против Русија не успеаа и тоа Западот треба да си го признае. Тие забранија сè да излегува и влегува во Русија, освен фосилни горива од таму и милијарди евра и долари во спротивен правец, порачува прогонетиот милијардер Јевгениј Чичваркин кој повеќе од една деценија е во егзил од Русија и е на руската листа на странски агенти.