Морализирањето на Џон Стјуарт

Џон Стјуарт објаснува како функционирале измамничките шеми на Доналд Трамп за што беше драстично казнет сo 464 милиони долари (подоцна му спуштија на 175 милиони ако плати за 10 дена). Секогаш кога треба да позајми пари, Трамп ја пумпа вредноста на она што го има, па апартман од 1.000 квадрати го пријавува како да е 3.000. Не поминаа ни три дена, Стјуарт го стигна кармата.

Три дена после оваа морализаторска лекција, Њујорк пост откри дека Џон Стјуарт ја напумпал вредноста на својот њујоршки стан за 829%.

31 март 2024 - 13:25