Целата стратегија на Амазон, ќе биде модификувана верзија на стратегијата на Андроид. Па додека Гугл гледа да врзе што е можно повеќе луѓе на нивните сервиси (Мапс, Гмаил, Хром...), за потоа на истите да продава реклами, Амазон ќе се обиде да ги привлече корисниците преку нудење на поволности и попусти на своите сервиси (брзина на испорака, клуб за попусти и сл.).
Па по оваа основа во првата реклама за телефонот, Амазон порачува дека секој што ќе го купи мобилниот добива една година бесплатно членство на Амазон Прајм сервисот (редовна цена од 79 до 99 долари), што значи бесплатна експресна испорака, бесплатни игри и видео (филмови / серии).
Откако новите корисници подлабоко ќе бидат приврзани за своите телефони, тие преставуваат само зголемен извор на приходи за Амазон.
Амазон оптимално би сакал да има позиција на пазарот со која ќе ги опфати луѓето кои не сакаат обавезно да го имаат најдобриот мобилен на пазарот, меѓутоа би сакале да добијат некој попуст или гратис испорака на она што го купуваат на интернет.