Најголемиот дел од успехот компанијата и го должи на Кикстартер кампањата од 2012-та во која 9.522 лица им донираа 2,4 милиони долари. Откако ги собраа овие пари, тие почнаа со развивање и производство на првите примероци од Oculus Rift.
Како и во слични Кикстартер кампањи, и тука има најразлични награди што ги добиваат луѓето кои го поддржале (дале пари за) производот. Основните нивоа на донатори добиваат маичка или постер. Сите оние кои вложиле над 300 долари, ја добиваат првата верзија од очилата, која им беше поделена и на програмерите заинтересирани за правење виртуелни игри.
Едно од правилата на Кикстартер е дека без разлика колку пари вложиш не добиваш никаков удел во компанијата, заради што ниту еден од луѓето кои дадоа пари за започнување на проектот нема да добијат ниту дел од денешната зделка.