Тесла укинува игрици во возење

Откако се најде под истрага на американските регулатори за безбедност во сообраќајот, Тесла реши да ја смени својата претходна одлука и во иднина да не дозволува играње видео игрици на големиот екран додека возилото е во движење.

Опцијата за непречено играње видео игрици беше воведена на 20 декември минатата година. Се вика „Passenger Play“ и како што сугерира името, првенствено е наменета за занимација на совозачот меѓутоа ништо не го спречува и возачот да се заигра додека е во возење.

Заради покренатата истрага и желбата да избегне компликации, Тесла реши да ја ограничи оваа опција која во иднина ќе биде отклучена само кога возилото е во место.

Во меѓувреме, Тесла продолжува да ги проширува возачките асистенции и автономијата на колата која сега може да забавува, да забрзува па и да менува лента без асистенција на возачот.

Од разни дефокусирања на возачи, лани во САД загинале 3.142 лица.

24 декември 2021 - 15:33