Споредбата што ја прави Електрек се базира неодамнешното соопштение на Тесла за профит од 22 милиони долари во последниот квартал, а бројките за американската нафтена индустрија се базираат на извештајот за 2015 година според кој тие минатата година успеале да направат загуба од 67 милијарди долари.
Она што ги паничи нив, инаку медиум кој се занимава со обновливи извори на енергија, е што еден од главните столбови на планот на Трамп за создавање нови работни места во САД е кревањето на рестрикциите за искористување на 50.000 милијарди долари во енергетски резерви на земјата (нафта, јаглен, природен гас и сл.).
Амандман на овој план е и запирање на државните субвенции за обновливите извори на енергија, пример империјата на Маск до сега има добиено околу 4,9 милијарди долари во субвенции од американската влада (иако кога индустријата за фосилни горива го спомна ова, реакцијата на Маск беше - ајде да се пробаме и двете страни без никакви субвенции од државата).
Аргументот на Електрек е дека откако беше избран Трамп за претседател Џенерал моторс најави нови отпуштања, фабриките на Форд одамна добро функционираат во Мексико, додека Тесла вработува 6.000 луѓе и планира ова да порасне на 9.000 (иако и Тесла планира Европа да ја покрие со нова фабрика која најверојатно ќе биде сместена во Германија).