Свежо млеко со рок на траење од два месеца?

Во продавници во Австралија наскоро ќе се појави природно свежо млеко кое ќе траело 60 дена. Ни пастеризирано, ни бутур.

Основач на компанија од Квинсленд, Австралија, која усовршила технолошки процес кој природното млеко го одржува свежи цели 60 дена, најави дека нивниот производ ќе се најде во продажба веќе во март.

Неодамна добиле еден милион долари државни субвенции за иновација (она што кај нас беше давано за печатници и рачна изработка на керамички производи), на патентот работат цели шест години а веќе лани ги имале решено клучните аспекти на процесот.

Не откриваат многу детали за изумот, освен дека се работи за процес во неколку етапи при што ниедна етапа не се потпира на топлина, односно пастеризација на млекото. Притоа, не се користат ни адитиви или презервативи а за млекото тврдат дека ги заджува сите природни хранливи вредности.

Се надеваат дека со помош на нивната иновација, свежо млеко конечно ќе може да стигне во австралиските џенеми во внатрешноста на континентот или оние како Тасманија. Со иста надеж се и за извоз во други држави

 

10 јануари 2021 - 20:05