Пресудата значи дека сите смартфони, таблет компјутери и останати мобилни уреди кои користат дизјанерски и софтверски иновации од Епл, ќе станат поскапи за произведување, заради плаќање на "Епл данок".
Самсунг беше прогласен виновен за прекршување на 6 од 7-те патенти, од тужбата на Епл.
Меѓу овие патенти се наоѓаат опции кои ги имаат адаптирано речиси сите производители на смартфони, како што е изгледот на иконите на апликациите, детекција на движењето на прстите по екранот и зголемување на документите со чукнување на екранот.
Плаќањето на лиценци за одредени патенти е во основа и подобрата варијанта, бидејќи Епл може да одлучи да не дозволи лиценцирање на својата технологија.
Во целото судење поентата на Епл беше дека Ајфон е револуционерен производ на кој се потрошени 5 години, а на Самсунг му биле потребни само 3 месеци да го ископира, без да сноси какви било трошоци или ризик за него.