Samsung ги поместува границите на перформансите кај уредите од новата серија Galaxy S24 благодарение на вештачка интелигенција

Во модерен свет каде технологијата го диктира темпото на живот, серијата на мобилни телефони Galaxy S24 на Samsung отвора нови хоризонти во мобилната комуникација, уметноста и продуктивноста. Со низа напредни функции за вештачка интелигенција (Galaxy AI*), оваа серија не само што ја дефинира иднината на паметните телефони, туку и начинот на кој комуницираме со светот околу нас.
 

Со Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra, оваа серија претставува скок напред за искористеноста на вештачка интелигенција, поставувајќи нови стандарди за подобрување на секојдневниот живот, зголемување на продуктивноста и изразување на неспоредлива креативност.

Вештачката интелигенција како гејм-чејнџер

Со функции како Помош за разговор (Chat Assist) која ги подобрува социјалните интеракции и Android Auto за побезбедно возење, како и алатките како Заокружи за пребарување (Circle to Search with Google), Помош за белешки (Note Assist) и Помош за транскрипција (Transcript Assist), Galaxy AI ги поедноставува секојдневните задачи и беспрекорно ја интегрира вештачката интелигенција во секојдневниот живот .

Револуција во уредување и споделување фотографии

Серијата Galaxy S24 исто така носи иновации во уредувањето и споделувањето фотографии. Иновативната технологија за вештачка интелигенција овозможува користење на генеративно уредување (Generative Edit) за да фотографиите се трансформираат и подобрат, да се создаваат совршени композиции, па дури и да се пополнат рабовите на заоблените слики. Ова носи сосема нова димензија на креативност и персонализација, а вашите фотографии секогаш ќе бидат  совршени.  Super HDR на Galaxy S24 Ultra додава драма и длабочина кај снимените видеа. За корисниците на социјалните мрежи, поврзувањето на камерата на Samsung со апликации како Instagram го олеснува споделувањето на вашите креативни достигнувања.

Ноќнте фотографија во ново светло

Galaxy S24 Ultra се издвојува со својата основна функција Nightography, која ја револуционизира фотографијата при слаба осветленост. Со поголеми пиксели од 1,4 μm и пошироки агли на оптичкиот стабилизатор на слика (OIS), оваа функција обезбедува неверојатно јасни снимки во услови на слаба осветленост.

Серијата Galaxy S24 е совршена за фотографи. Со својот ProVisual Engine опремен со вештачка интелигенција, фотографиите се поостри, појасни и поживописни. Системот Quad Tele на Galaxy S24 Ultra, кој вклучува револуционерен оптички зум од 5x и подобрен дигитален зум до 100x, ги доближува далечните објекти со неверојатна јасност, овозможувајќи одлични фотографии дури и од далечина.

Фантастични гејминг перформанси

Galaxy S24 Ultra се напојува со мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 3 Galaxy, која заедно со подобрените стапки на освежување од 1-120 Hz и напредниот систем за ладење обезбедува супериорни перформанси и ефикасност. Затоа серијата Galaxy S24 е идеална за мобилни игри, снимање и уредување видео со високи перформанси и мултитаскинг.

Во исто време, Galaxy S24 Ultra може да се пофали со најсветлиот екран во историјата на серијата Galaxy, кој достигнува осветленост до 2600 nits. Оваа исклучителна осветленост заедно со функцијата Vision Booster обезбедува одлична видливост во сите светлосни услови. Corning® Gorilla® Armor стаклото дополнително го штити екранот од гребнатини и рефлексии, обезбедувајќи непречено и пријатно доживување при гледањето.

Искористете ги последните моменти од промотивнта понуда за преднарачки и нарачајте еден од новите модели Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra и заштедете до 7.500 денари, бидејќи добивате двојно повеќе меморија по цена на основната варијанта. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.

Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/

(Комерцијален текст)

30 јануари 2024 - 08:23