Откако првите десетина години ги минува на извоз на риба, брашно и останата стока во Кина, во 50-те и 60-те години Самсунг почнува со инвестирање во други бизниси како животно осигурување и текстил.
Во 1969-та се основа Самсунг електроникс. Оваа дивизија произведува претежно телевизори. Првите Самсунг црно-бели телевизори одат на продажба во 1970-та. Во 70-те, Самсунг почнува сериозно да се шири и започнува со производство на хемикалии, изградба на бродови и градежништво.
Во 80-те, Самсунг дополнително се фокусира на електроника. Компанијата почнува да произведува телевизори во боја, ПЦ-а, видео рекордери. Во 80-те тие почнуваат и да извезуваат во Северна Америка. Во 89-та, Самсунг се здружува со Бритиш петрол и ја формираат Самсунг БП Кемикалс. Компанијата ги продава своите производи во Кореа.
На почетокот и средината на 90-те, Самсунг почнува со производство на меморија и хард-дискови. Според "легендата" во 1995-та кога еден од првите модели на мобилните телефони на Самсунг излегол од производство тој воопшто не работел. Тогашниот претседател на компанијата кога дознал веднаш отишол во фабриката и ја запалил целата залиха од телефоните.
Кон крајот на 90-те, Самсунг сериозно почнува да прави мобилни телефони. Во 1999-та тие го имаат еден од првите мобилните телефони со можност за интернет. Со тек на време ова ќе стане најпрофитабилниот бизнис на Самсунг.
Во истиот период компанијата прави сериозни напредоци и во однос на телевизијата, а во 1998-ма го има првиот масовно произведен дигитален телевизор. На почетокот од овој век почнува со производство на ХД телевизори, а последователно и домашни кина и Блу Реј плеери.
Првиот Андроид телефон на Самсунг, Галакси С, компанијата го презентира во 2010-та. Денес актуелна е третата генерација од овој телефон, кој го сметаат за еден од најдобрите смартфони на светот. Истата година, тие го лансираат и Галакси Таб, првиот меинстрим таблет за Андроид. Денес Самсунг произведува повеќе мобилните телефони од кој било друг конкурент.
Во 2013-та, тие ја прикажаа најновата верзија на нивната Smart TV платформа, која треба комплетно да го промени начинот на кој гледаме телевизија.