Пожарот се случи во фабриката на корејската компанија SK Hynix која произведува DRAM плочки од 2 гигабајти. Само еден ден по пожарот цената на РАМ меморијата на светскиот пазар скокна од 30 центи на 1,90 долари, а следниот ден цената заокружи на 2 долара.
Според компанијата за истражување на пазарот ТрендФорс, на корејската компанија ќе и треба најмалку половина година за да го обнови објектот и да започне со производство.
SK Hynix држи околу 30% од светскиот пазар, а меѓу нивните главни муштерии се Епл, Леново, Дел и Сони. Околу половина од сите DRAM чипови на компанијата се произведуваа во кинеската фабрика.