Микрософт (како и другите големи технолошки компании) се под притисок заради огромните резерви на кеш што ги имаат во странство (тие парите ги чуваат во Сингапур и Ирска), заради што постојано ризикуваат инспекции од даночната служба.
Меѓу 2009-та и 2011-та, Микрософт пренесе 21 милијарда долари во странство, со што избегна плаќање на данок од 4,5 милијарди долари.
На крајот од 2012-та, Микрософт имаше 89% од над 68 милијарди во готово на сметки во странство. Повеќе од нив крие само Епл кој во странство чува 69% од нивните 137 милијарди долари. Претставникот на Федералните резерви во јануари годинава објасни дека ваквото собирање на готовина во странство е објаснување за бавното излегување на САД од рецесија.
Освен што го доби бизнисот со мобилни на Нокиа, една о шпекулациите е и дека со купувањето Стив Балмер го избрал и својот наследник, сегашниот директор на Нокиа, Стивен Елоп, кој во компанијата дојде токму од Микрософт.