
Влијанието на ВИ е секогаш најдобредојдено во областа на работењето, каде што продуктивноста „во од“ стана дел од секојдневните работни обврски. Но исто толкаво и задоволството од визуелните содржини потпогнати од ВИ кои ни ги обезбедува системот од камери, создавајќи ни драгоцени спомени. Во продолжение прочитајте кои се функциите со вештачка интелигенција кои го прават Galaxy S24+ еден од најбараните телефони на пазарот во моментов:
- Функцијата Помош за разговор (Chat Assist) ќе се погрижи да добиете преведен и приспособен тон за професионална е-пошта или текстуални пораки нудејќи ви различни опции генерирани со вештачка интелигенција за тоа како да ги реструктуирате пораките и стилот на пишување за да го добиете вистинскиот тон. Без разлика дали се работи за изработка на привлечна објава на социјалните мрежи или формална е-пошта, оваа функција е достапна директно од тастатурата на Samsung, така што можете да ја користите на која било апликација и да бидете сигурни дека сте го избрале соодветниот израз секој пат. И ако работите со колега во странство, достапноста на функцијата Помош за разговор (Chat Assist) на 13 јазици ви овозможува сето тоа да го правите на јазик што не го ни зборувате.
- Функцијата Interpreter го пренесува преводот во живо од апликацијата за повици во физичкиот свет. Со оваа функција, Galaxy S24+ станува личен преведувач во реално време. Бидејќи алатката хоризонтално го дели екранот на телефонот на два посебни екрани, секое лице може веднаш на другото лице да му прикаже преведен текст со придружен звук. Исто така, таа ви овозможува да го изберете јазикот што ви треба и непречено и професионално да комуницирате со сите околу вас.
- Благодарение на функцијата Помош за белешки (Note Assist), можете да генерирате, читате и зачувувате скратени верзии на сите ваши материјали со неколку допири со прстот, трансформирајќи го секојдневниот проток на документи во добро структурирана архива. Кога ќе повлечете документ, функцијата Помош за белешки (Note Assist) од вас бара да ја зачувате неговата содржина директно во апликацијата Samsung Notes. Таму, функцијата може автоматски да го форматира текстот и да ги коригира правописните грешки пред да создаде едноставно или детално резиме со клучни точки на целиот документ. Оваа функција исто така, може да извлекува и резимира текст директно од физички книги и документи и може да преведува белешки на други јазици, додека пак опцијата Помош за пребарување (Browsing Assist) може да претворат долги, детални написи во кратки резимеа.
- Функцијата Помош за транскрипција (Transcript Assist) создава целосни, точни записи од состаноци и разговори. Едноставно снимајте го состанокот користејќи ја апликација за снимање на Samsung, а оваа функција потоа функцијата ќе понуди да го претвори снимениот разговор во текст, со реченици одвоени според поединечните говорници. Откако ќе го добиете вашиот препис, можете со помош на Samsung Notes и да добиете резиме генерирано од вештачка интелигенција со помош на функцијата Помош за белешки (Note Assist).
- Со новиот Galaxy S24+ добивате и нова феноменална функција за пребарување наречена Пребарување со заокружување (Circle to search). Со долго притискање на почетното копче можете да заокружите било кој предмет на екранот што во моментот го гледате, и веднаш ќе добиете Google резултати од пребарувањето, како и генеративни прегледи овозможени од вештачката интелигенција кои ќе ви обезбедат корисни информации и контекст собран од целиот интернет за тоа што го барате.
Што да очекувате од системот на камери потпомогнат од ВИ?
Освен придобивките од вештачката интелигенција во пишаната комуникација, Galaxy AI во системот на камери ви овозможува совршени фотографии, видеа и креативна експресија на највисоко ниво. Galaxy S24+ доаѓа со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со 2х и 3х зум ќе можете да снимате динамични крупни кадри. Новата функција ProVisual engine, која ја користи моќта на AI зумирањето, дава подобрени детали и бои за чисти и живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум. На слаба светлина пак, фотографии ќе бидат совршени со помош на функцијата Nightography, а благодарение на ISP Block, ќе можете Nightography да ја аплицирате и на Niсо селфи камерата. Фантастичното уредување на сликите со Generative Edit и со помош на AI отвара нови хоризонти за крајниот визуелен производ, па така, доколку не успеавте да го фатите посакуваниот кадарот, со оваа опција ќе можете да ја пополните позадината, да ги отстраните несаканите предмети, геометриски да ја подесите сликата и сл.
Galaxy S24+ е достапен во 4 префинети бои – кобалт виолетова, килибарна жолта, оникс црна и мермерно сива, а не заборавајте да ги погледнете и останатите два нови модели од оваа серија, Galaxy S24 и маестралниот Galaxy S24 Ultra.
*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
Повеќе информации за Galaxy S24+ прочитајте на линкот:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/
(комерцијален текст)