Xiaomi е основана од Леи Јун, лик кој по своето однесување, облека и обожаватели наликува на Стив Џобс. Пред да го основа производителот на мобилни телефони, Јун започнува повеќе стартап проекти кои потоа успешно ги продава на поголеми кинески и американски фирми.
За разлика од останатите производители на мобилни во Кина (и генерално во светот) Xiaomi своите производи ги продава на интернет и тоа во мали количини.
Телефоните кои ги произведува Xiaomi се смартфони, но не се копија на Епл или Самсунг. Сите нивни модели работат на Андроид, а најновиот телефон Xiaomi Phone 2 во основа по квалитет и перфоманси е како Самсунг Галакси 3, со дупло поефтина цена.
Првата пратка од нивниот најнов модел, беше направена само во 50.000 примероци и беше распродадена за помалку од 2 минути. Неколкуте следни пратки (малку поголеми) исто така беа распродадени за неколку минути.
Компанијата која беше основана во април 2010. првиот телефон го произведе во октомври 2011-та а до крајот на 2012-та се очекува да продадат 7 милиони примероци. Оригиналниот план им беше 2 милиони.