Galaxy S25 FE – твојот билет за светот на Galaxy AI!

Ако мислеше дека флагшип искуството е недостижно – време е да се запознаеш со новиот Samsung Galaxy S25 FE. Овој уред е направен за оние што сакаат паметен телефон кој изгледа премиум, носи моќни перформанси, но и е доволно достапен за да го ставиш во џеб без грижа на совест.

AI што работи за тебе

Galaxy AI е вграден во срцето на уредот, спремен да ти го олесни секојдневието. Од Gооgle AI Pro што одговара на прашања во реално време, до Now Bar што ги прикажува сите важни информации уште на заклучен екран – имаш личен асистент секогаш при рака, за сите твои професионални задачи или лични прашања.

Селфи играта никогаш подобра

12MP предна камера со AI-поддржан ProVisual Engine? Да, токму така! Од совршени селфи фотографии со намален шум до Generative Edit што магично ги брише луѓето или предметите од позадината – твоите фотки ќе изгледаат како уредувани од професионалец. А за видеата? Функциите Instant Slow-mo и Audio Eraser ги претвораат во вистински TikTok ремек-дела.

Дизајн за воодушевување

Тенок, лесен и супер издржлив со новата Armor Aluminum рамка, овој смартфон доаѓа во стилски бои како црна, бела, темно сина и ледено сина – совршен за да го покажеш твојот стил.

Galaxy S25 FE е повеќе од телефон – тоа е твојата врата кон Galaxy AI универзумот. Ако сакаш креативност, продуктивност и забави кои не запираат, знаеш каде да гледаш.

Батерија што држи чекор со тебе и безбедност каква посакуваш

Со 4.900 mAh батерија и 45W брзо полнење, нема стоп за твојот ден. Играј, снимај, стримај – Galaxy S25 FE е тука за маратон, не за спринт. Со гарантирани 7 години софтверски ажурирања од One UI 8 , добиваш сигурност дека твојот уред ќе остане модерен, безбеден и функционален – долг период без грижи или компромиси. Тука е и заштитата од Samsung Knox за сите твои лични податоци, пасворди, лозинки, фотографии на секој чекор.

Пробај ги функциите веднаш

Сакаш да ги испробаш функциите пред да го купиш? Само симни ја апликацијата Try Galaxy на телефонот кој го користиш во моментов и осознај ја моќта на Galaxy AI функциите на новиот S25 FE

Сè под контрола со SmartThings

Galaxy S25 FE не е само паметен телефон – тоа е и твојот клуч за паметен дом. Со SmartThings можеш од екранот да ги контролираш светлата, музиката, климата или дури и правосмукалката. Замисли – ќе легнеш во кревет, а со еден допир ќе ја изгасиш целата соба или ќе пуштиш chill playlist. Брзо, едноставно и баш модерно – како што треба да биде животот во денешниот свет.
 

 (Комерцијален текст)

18 септември 2025 - 13:01