Новиот Про дисплеј ХДР 6К монитор на Епл чини 4.999 долари, само екранот, плус уште 1.000 долари за постоље за него. Некои аргументи кои може да им ги понудиме на фановите на Епл се дека постољето е стварно елегантно, цврсто и стабилно, има нагиб од 25 степени и дозволува вртење во портрет (вертикално).
На конференцијата во Сан Хозе, Епл го покажа новиот Мак про (уште одма доби прекар - ренде) десктоп компјутерот на компанијата, со почетна цена од 6.000 долари. Тоа што не го кажаа на презентацијата е дека врвната верзија на истиот овој компјутер може да достигне до 34.000 долари, и тоа пред воопшто да се пазари графичка картичка.
Верџ ја составуваат следната конфигурација, наменета за работа со видеа:
- 1 Мак про = 6.000 долари
- 12 парчиња РАМ меморија од 128 ГБ (DDR4 ECC) = 17.867 долари
- 2 ССДС хард-дискови од 2 терабајти = 2.400 долари
- 1 Интел Ксеон процесор со 28 јадра од 2,5 гигахерци = 7.453 долари
До тука е нешто под 34.000 долари. Во зависност што ти треба од следните компоненти, цената може да надмине и 50.000 долари:
- 2 АМД Радеон про вега 2 графички картички = цената не е објавена но водејќи се по цените на графичките картички од иста категорија (6.000 долари парче) овие две би чинеле околу 12.000 долари минимум.
- 1 Про дисплеј ХДР монитор = 5.000 долари
- 1 постоље за мониторот = 1.000 долари
- 1 Епл меџик тастатура и 1 Епл меџик тракпад 2: 228 долари