Епл објави книга за Епл од 300 долари

Книгата има 450 фотографии од производи на Епл, и за да ги гледате овие производи како слики ќе требата да платите 300 долари.

Во согласност со традицијата на Епл, книгата доаѓа во регуларна големина која чини 299 долари, и помала верзија од 199 долари, содржински идентични. Двете верзии се со тврда корица, а насловот на книгата е Designed by Apple in California, "име кое некако успева истовремено да биде и скромно и неверојатно претенциозно."

Фотографиите во книгата ги прикажуваат последните 20 години на Епл производи, сите се комплетно нови и сите се фотографирани од Ендру Зимерман. Џони Ајв книгата ја опишува како "внимателен збир на производи што тимот ги има дизајнирано низ годините" и се надева дека ќе служи како "ресурс за студентите по дизајн."

Епл книгата ја посветува на сеќавањето на Стив Џобс.

 

15 ноември 2016 - 22:29