Поранешен американски војник кој во приватна режија се приклучува од украинската страна во одбраната од руската инвазија се отвора пред Дејли бист за своето искуство во војната кое на кратко е сумирано во „не се враќам назад.“
Како што ледените ветришта се провлекуваат низ вените на Франција, така шепотат вознемирувачка панихида, од која одекнува сега починатиот пророк Гијом Феј. Неговите тмурни предвидувања за катастрофалниот пад на мултикултурните напори одекнуваат низ искршените парчиња на некогаш обединета Франција.
Американската Тајна служба инстантно интервенира откако нејзини луѓе наоѓаат непознат бел прашок во Белата куќа. Првите тестови на супстанцата целосно и олеснуваат на Тајната служба бидејќи покажале дека не е антракс или нешто слично, ама затоа па прилично и комплицираат на пиар службата, откако излегло дека прашокот е кокаин.
Најголемиот руски производител на воена опрема Ростек одлучи во еден од своите најголеми производители, Уралвагонзавод (УВЗ), да го суспендира производството на сите други производи од нивното портфолио и да се даде само на производство на тенкови.
Речиси секој втор анкетиран Германец верува дека странците доаѓаат во Германија само за да ја искористат социјалната помош што ја нуди земјата, а потоа дел од нив се отвораат и за Хитлер.
На Гофундми, меѓу другите, има две паралелни кампањи за собирање донации, едната е за полицаецот што го уби 17-годишниот Нахел М., втората е на семејството на убиениот. Кампањата за собирање донации за полицаецот веќе ја надмина границата од 1 милион евра, или повеќе од 5 пати од средствата што ги има собрано втората кампања.
По беспоштедната борба која со години се води против прдежите од крави како би се спасила планетата (што полека мутира во што ќе ви е говедско, јадете скакулци), следната брилијантна мерка од ЕУ на темава е блокирање на Сонцето.
Една од „значителните промени“ што ги воведува новиот владетел на Сорос империјата, е „значително намалување на бројот на вработени од не помалку од 40% на глобално ниво“, ама за друго ќе тераат по старо.
За време на посетата на Марсеј, претседателот на Франција најави дека таму ќе се гради нова модерна воена болница која ќе биде потребна во случај на голема војна од висок интензитет.
Се работи за битката кај Мала Токмачка во која украинската 47-ма јуришна бригада и 33-та механизирана бригада се обидоа да пробијат преку минско поле што според Форбс завршило покатастрофално отколку што до сега се мислеше.
Првиот човек на руската Дума, Вјачеслав Володин, побара од службите на Думата да направат список кој се викендов, во време на бунтот на Пригожин, пробал или ја напуштил Русија.
Со 6:3, американскиот Врховен суд реши дека е противуставно Универзитетите да ја земаат во обзир расата на кандидатите при упис кај нив. Тоа таму го викаат „афирмативна акција“, кај нас е познато како „позитивна дискриминација.“ Не може така, порача Врховниот.
Генералот Герасимов формално не тргнат но веќе нема да учествува во одлуките за украинсккиот фронт. Под сомнеж и истрага се и високи команданти и пониски чинови кои не го сопреле маршот на Вагнер кон Москва. А Прижогин сфаќа дека амнестијата му следи само за бунтот, но не и за други дела од типот финансиски малверзации, кои не мора ни да се измислуваат.
Вчера, на првиот ден од Курбан бајрам, Швеѓанец искина и запали Куран пред централната џамија во Стокхолм, во знак на некаков си нему оправдан протест. За разлика од претходните, овој протест имаше дозвола за одржување од шведската полиција.
Повеќе од 100 американски лидери, вклучително претседатели, конгресмени, гувернери и врховни судии се потомци на семејства кои поседувале црнци. Ова ги опфаќа и сите живи американски претседатели, со еден исклучок, не Обама, туку Трамп.
Еден од замениците на Герасимов на украинскиот фронт, а едно време и главен руски командант на целосната специјална операција, генерал Сергеј Суровикин е уапсен од руските власти заради соработка со Пригожин.
Речиси редовно на неколку повторени официјални „не ја брзаме Украина“ доаѓа по некој ишарет од американските медиуми дека Украина што и да прави треба да гледа да ја забрза контраофанзивата. Овој пат пораката е од Вашингтон пост.
Британија ќе потроши 63.000 фунти повеќе за да смести некој мигрант во безбедна држава домаќин како Руанда, отколку ако истиот тој човек остане на островот.
Двете најмоќни членки на Унијата се решени до крајот на годината да ги „реформираат националните права“ на земјите членки на ЕУ, што главно се однесува на правото на вето и едногласното донесување одлуки во Брисел.
Пред Пригожин да се повлече во саботата вечерта, повеќе западни функционери контактирале со украински функционери на различни позиции и нивоа за да ги предупредат да не помислат да го искористат хаосот во Русија и да почнат со напади на мети во земјата.
На вториот работен ден по обидот за вооружен преврат на цела или дел од руската влада, руските власти објавија дека се откажуваат од сите кривични обвиненија против лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
По три седмици контраофанзива украинската армија наидува на серија фрустрирачки проблеми кои целосно ги комплицираат нејзините воени планови, дури и кога е опремена со ново западно оружје. Најголемиот проблем, како што ќе објасни еден украински полковник од фронтот е „сè е минирано, секаде.“
Градските власти на Њујорк сакаат да го забранат користењето на јаглен и дрва за пица печките во пицериите низ градот, како би се помогнала борбата против глобалното затоплување.
Декласификуваниот извештај од истрагата на американската разузнавачка заедница покажува дека појавата на болеста кај тројца научници од лабораторијата во Вухан на крајот во 2019 ниту ја потврдува ниту ја негира теоријата дека ковид потекнува од лабораторија.