Во 2006-та Викимедија Фондацијата имаше само 3 вработени кои работат со буџет од 3 милиони долари. Денес фондацијата има 119 вработени, кои на последното собирање донации добија речиси 35 милиони долари.
Само мал дел од овие пари служи за одржување и функционирање на сајтот (најголемиот дел од уредниците бесплатно работат на средување на статиите на Википедија). Најголемиот дел од парите се трошат на истражување и програми за развој.
Некои од програмите се логични - како оние за намалување на разликата меѓу бројот на машки и женски уредници, или олеснување на начинот на уредување на статиите и правење на софтвер за ова.
Меѓутоа пари се трошат и на работи како:
- Британското претставништво на Викимедија фондацијата, признава дека потрошиле 1.335 фунти на печатење визит картички.
- Истото претставништво имаше одобрено и неколку проекти од кои лична корист имаа членови на бордот.
- 81.000 евра беа дадени на членови на Викимедија да одат на концерти низ Германија и како акредитирани фотографи да прават фотографии од славните личности.
- 80.000 евра ќе им бидат дадени на членови на Викимедија за да фотографираат политичари, наспроти уредниците на статии кои и понатаму не добиваат пари за својата работа.