Затвор за климатските отоци

Заради создавање хаос кој го загрозува животот на останатите, вклучително и оние на кои им се потребни итните служби, секој што ќе се реши да блокира комплетен сообраќај во име на климатски правдини треба да заврши во затвор, предлага германската ЦСУ.

Не само што бараат три месечен затвор за прекршителите, туку бидејќи утврдиле дека најчесто се работи за истите луѓе од ЦСУ побарале властите да можат и превентивно да делуваат, па кога ќе насетат дека овие подготвуваат уште некое блокирање на сообраќај да можат предвремено да бидат приведени.

Освен стандардните 3 месеца казна ЦСУ бара за посериозни престапи, како упаѓање на аеродроми, казната да се зголеми на најмалку 6 месеци.

Во истиот пакет казни ЦСУ сака да ги додаде и анти-семитските испади, и инсистира секој што ќе поттикне омраза против Израел да биде казнет со најмалку шест месеци затвор.

5 јануари 2024 - 15:20