
Проектот за национални приоритети открил дека најдебело платениот воен изведувач на Пентагон, фамозните Локид Мартин, од секој американски даночен обврзник извлекол 106 долари. За контекст: истиот тој обврзник, на обновливи енергии дал само 6 долари.
Според истата анализа, просечен плаќач на данок во САД:
* Платил 74 долари за нуклеарно оружје а само 43 долари за Центарот за контрола и превенција на заразни болести.
* Потрошил 70 долари за депортации и гранична контрола, наспроти 19 долари за асистенција на бегалци.
* Дал 298 долари на петте најголеми воени контрактори а само 19 долари за ментално здравје и злоупотреба на супстанци.
Анализата доаѓа еден месец откако Белата куќа го објави барањето на претстедателот Џо Бајден за 1,6 трилијарди долари буџет за фискалната 2024 година. Над половина од тие пари - 886 милијарди - се наменети за војска.
„Ваков воен буџет претставува срамен статус кво во земја која тоа повеќе не може да си го дозволи. Семејства се борат да обезбедат основни работи како домување, храна и лекови додека изведувачите на Пентагон им плаќаат на своите извршни директори милиони долари директно од јавната каса“, предупреди програмската директорка на проектот, Линдзи Кошгаријан.